Неправдата која ја доживеа Ливерпул во дербито на 7. коло во Премиерлигата против Тотенхем е надмината за „црвените“ според последната изјава на германскиот стратег Јирген Клоп пред новиот предизвик – гостувањето кај незгодниот Брајтон.
На Ливерпул му беше неправедно поништен гол во 34. минута поради „човечка грешка“ во ВАР собата што предизвика голем потес во англиската јавност. На оваа тема говореа повеќе стручни лица, а се закани и самиот клуб. Клоп побара и реванш, но Тотенхем повеќе не е во мислите на Германецот.
„Кога говорев за Тотенхен повторно се уверув во тоа како светот функционира. Сите чувте, но многумина погрешно протолкуваа дека и понатаму размислуваме за Тотенхем. Тоа не е точно, се работи за „застарен случај“. Се помиривме со исходот и свртевме нов лист. Не сме деца да се лутиме, само имавме прашања на кои не беше неопходен одговор“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

