Атаман: Тоа што имаме многу играчи и не е толку добро за мене

По долгите години неуспех Панатинаикос ова лето сврте нов лист со „ребилдинг“ кој му го довери на двократниот освојувач на Евролигата во Анадолу Ефес, турскиот стратег Ергин Атаман.

Проектот за враќање на „зелените“ на врвот започна со катастрофален пораз од Олимпијакос во Суперкупот на Грција, но тој натпревар повеќе не е во мислите на Турчинот кој пред денешниот почеток на новата сезона во Евролигата против истиот ривал говореше за предизвикот кој следи и тимот кој е составен.

„Нов тим, нови емоции, нова сала, нов паркет. Се е реновирано со цел да се вратиме во најдобрите години во кои во оваа сала имаше многу славје. Видов агреисвен и нападен тим и за мене тоа е многу битно бидејќи видов играчи кои сакаат да играат физички. Моите претходни тимови играа многу паметно, со добар „спејсинг“, но сега е друго. Се надевам дека со тек на време ќе се навикнат на мојот систем.

Имаме многу играчи и кога ги правевме трансферите мисливме на тоа дека не очекува долга сезона. Ќе има повреди, некои играчи нема да бидат во форма, ќе играме и на два дена во Евролигата така да ќе има доста простор за ротација. Можеби тоа не е добро за мене бидејќи се навикнав да играм со пет, шест играчи кои имаат минутажа и по 35 минути. Ова за мене ќе биде предизвик“, изјави Атаман.

Се вчитува...