Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години по убедливиот триумф над Грузија (5-0), денеска ја преслушаа и соодветната селекција на Ерменија со 4-0.
Нашите девојки поведоа со 1-0 уште во 18. минута со голот на Гроздановска, а до крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Сахакјан си постигна автогол. На 3-0 зголеми Попески во 50. минута, додека конечните 4-0 беа дело на Марковска во 61. минута.
Во последното коло на нашите девојки ќе им биде потребен само бод во мечот против Косово како би се квалификувале во А групата од квалификациите за Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА