Примож Роглич има нов тим

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич од следната сезона ќе вози за Бора-Хансгрое, објави германскиот тим.

Тој ќе учествува на Тур де Франс следната година како лидер на тимот, откако потпиша повеќегодишен договор.

Роглич го напушти тимот на Џамбо-Висма со кој имаше договор до 2025 година. Титулата на Тур е единствената од големите трки на која 33-годишниот словенечки велосипедист ја нема освоено. Тој триумфираше на Џиро ди Италија годинава како и на Вуелта во 2019, 2020, 2021 година.

„Се радувам на следниот чекор, иако промената на тимот е непозната територија за мене. Добрите спомени од нашата прва средба пред неколку години ги олеснија преговорите. Одлучувачки фактор беше тоа што тимот е навистина мотивиран да работи со мене и видливо е дека имаме исти идеи“, изјави Роглич.

Се вчитува...