Атлетик Билбао лесно се справи со последнопласираниот тим Алмерија во првиот меч од новото коло во шпанската Ла Лига. Вечерва во Билбао, домашниот тим славеше триумф со 3-0.
Гурузета во 10. минута ја најави победата на својот тим. Во вториот дел Гарсија во 63. минута зголеми на 2:0, за во финишот Сансет во 81. минута ги постави конечните 3-0.
Билбао имаше уште неколку шанси за поубедлива победа, еднаш ја погодија и стативата, но не дојдоа до нов гол. Алмерија немаше никакви шанси, и останува на последното место без победа во оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

