Меси на зима се враќа во Барселона?

Барселона и натаму не се откажува од идејата повторно да го види аргентинскиот ас во своите редови. Во клубот ја разгледуваат можноста во зимскиот преоден рок да го доведат како позајмен до крајот на сезоната.

Тоа би можело да се случи доколку Интер Мајами не успее да обезбеди место во плеј-офот, пишува каталонски Спорт.

Мајами моментално е пет бодови под зоната на плеј-офот во Источната конференција, а до крајот има уште три натпревари. Во случај на три победи, ќе мора да се поклопат и некои други резултати.

Меси моментално е отсутен веќе четири натпревари поради повреда. Тренерот Тата Мартино веќе неколку пати изрази загриженост поради неговото преоптоварување. Но, тој е повикан за аргентинската репрезентација за натпреварите со Парагвај и со Перу, па се чини дека е блиску до „кам-бек“.

Се вчитува...