Сопственикот на Манчестер Сити под истрага, може да го загуби клубот?

Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур беше фатен во истрага организирана од британското министерство за надворешни работи. Газдата на „граѓаните“ е осомничен за врски со Русија, пренесува „Гол“.

Британски власти се сомневаат дека Мансур им помогнал на руските тајкуни да ги префрлат своите срества од Англија во Обединетите Арапски Емирати веднаш по почетокот на воената агресија на Русија врз Украина.

52-годишниот шеил е потпретседател на Обединетите Арапски Емирати, а неговото богатство се проценув на 16 милијарди евра. Доколку бидат потврдени сомнежите од британската Влада, лесно може да му биде одземен клубот.

Шеикот Мансур е сопственик на Манчестер Сити од 2008 година. Според новите правила на Премиерлигата, сопствениците и директорите на клубовите може да бидат сменет од нивните позиции доколку се вмешани во злосторства или ги кршат човековите права.

Се вчитува...