Челниците на Јувентус му забранија на Пол Погба да тренира со остатокот од екипата, и му ја суспендираа платата, објави денеска спортскиот весник „Лекип“.
Погба пред неколку дена падна и на вториот допинг тест, поради што се претпоставува дека ќе добие долга суспензија, повеќе од две години, и праткично ќе значи дека кариерата на францускиот репрезентативец може да биде завршена.
Челниците на Јувентус не само што го отстраниле од тимот, туку и му ја суспендирале платата. Исто така му забраниле било каков контакт со сите од клубот. Ќе му бидат исплатени само 42.000 евра од 8 милиони колку што му изнесува годишната плата.
Клубот исто така ќе се обиде да му го раскине договорот, кој му е до јуни 2026 година. Во Јувентус се надеваат дека ќе успеат да го сторат тоа без да платат никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

