Бруно Гимараеш остана верен на Њукасл до 2028

Њукасл објави дека го продолжи договорот со бразилскиот играч Бруно Гимараеш до 2028 година. За вакво нешто се шпекулираше веќе подолго време.

Тој дојде од Лион во 2022 година, и се покажа како екстра засилување за Премиерлигапот. Цената која Њукасл ја плати изнесуваше 40 милиони фунти.

Гимараеш игра на позицијата среден ред. Тој е актуелен бразилски репрезентативец, а за „Кариоките“ има одиграно 14 натпревари и постигнати еден гол.

Се вчитува...