Македонскиот кошаркарски стратег Никола Василев има нов ангажман, откако ги договори условите за соработка со тимот на Берое. Бугарскиот прволигаш беше во потрага по нов стратег, а Василев успеа да излезе како победник од оваа трка, со што се враќа на клупската кошарка по неколкуте сезони во кој бележеше сосема солидни резултати во литванската лига.
Тој е актуелен селектор на Македонија за кошаркари до 20 години и летово оствари одличен успех, предводејќи ја селекцијата до влез во А-дивизијата, уште една потврда за квалитетите на младиот стратег.
„Потпишав договор со Берое до крајот на сезоната, подготвен сум за предизвикот што го носи бугарската лига, во која има неколку клубови со сериозни буџети. Цел на управата е да бидеме најмалку меѓу најдобрите шест екипи на табелата, верувам во себе и во играчите кои ќе ги имам на располагање, дека ќе успееме да го оствариме тоа“, изјави Василев за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

