Рома има катастрофален старт на сезоната. Екипата предводена од Жозе Мурињо после седум одиграни натпревари е на 13. место на табелата со само осум освоени бодови.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека после овој викенд Мурињо може да ја загуби својата работа, ако не успее да го победи тимот на Калјари. Дури одат до таму што пишуваат дека веќе е најден наследникот на Португалецот, а тоа е германскиот стручњак Ханси Флик.
Меѓутоа во италијанската новинска агенција „АНСА“ стигна одговор од Рома во врска со Мурињо. Тврдењата за тренерска смена ги искажаа како „лажни вести“ и демантираа дека ќе го отпуштат Мурињо, а уште помалку дека имало договор со Ханс Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

