Тиквеш и Шкупи играат интересен натпревар со два интересни погодоци и без предност за ниту една од екипите (1-1) во првото полувреме од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. По првите 45 минути, без предност и на дуелите во Штип и во Охрид, а единствено Гостивар води со 0-1 на гостувањето против АП Брера во Струмица.
Кавадарчани први поведоа против Шкупи пред своите навивачи со голот во 24. минута.
Прекрасен гол постигна Спахиу по одбиената топка на околу 16 метри…
Но, Шкупи израмни во 38. минута исто така со ефектен гол. Овој пат Спахиу од „мртов агол“ со полушут-полуцентаршут успеа да го изненади голманот на домашните Стојан Димовски…
Гостивар ја шокираше, пак, АП Брера во Струмица. Гостиварци водат на гостувањето со голот на Кехинде во 15. минута од средбата.
Во Штип, Брегалница и Работнички без предност по првите 45 минути, 1-1.
„Сините“ поведоа во 14. минута со голот на Колин Андерсон…
Но, Работнички израмни во 31. минута со прекрасниот гол на Мазари.
Во Охрид, пак, Воска Спорт и Македонија ЃП исто така играат без предност по првото полувреме. Најпрво Воска спорт поведе со голот на Марушиќ во 22. минута.
Но, Алексовски во 26. минута израмни на 1-1.
ПМФЛ – 10. коло (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1
Андерсон 14′ – Мазари 31′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-1
Спахиу 24′ – Воша 38′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-1
Кехинде 15′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Марушиќ 22′ – Алексовски 26′
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

