Тиквеш го запре победничкиот од на Шкупи ремизирајќи (1-1) во Кавадарци во 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостивар ја продолжи кризата на АП Брера, победувајќи со 0-1 на гостувањето во Струмица, Брегалница конечно победи славејќи против Работнички со 2-1 во Штип, а Воска Спорт со непостоечки пенал славеше со 2-1 против Македонија ЃП.
Кавадарчани први поведоа против Шкупи пред своите навивачи со голот во 24. минута.
Прекрасен гол постигна Спахиу по одбиената топка на околу 16 метри…
Но, Шкупи израмни во 38. минута исто така со ефектен гол. Овој пат Спахиу од „мртов агол“ со полушут-полуцентаршут успеа да го изненади голманот на домашните Стојан Димовски за конечни 1-1.
Гостивар ја шокираше, пак, АП Брера во Струмица. Гостиварци триумфираа со голот на Кехинде во 15. минута од средбата.
Во Штип, Брегалница по четири дуели без победа, конечни со 2-1 славеше против Работнички.
„Сините“ поведоа во 14. минута со голот на Колин Андерсон…
Но, Работнички израмни во 31. минута со прекрасниот гол на Мазари.
Победата за Брегалница ја донесе Роналдо Вебстер со голот во 72. минута од средбата.
Во Охрид, пак, Воска Спорт славеше против Македонија ЃП со гол по непостоечки пенал во 74. минута.
Претходно, Марушиќ во 22. минута ја донесе Воска до предност од 1-0.
Но, Алексовски во 26. минута израмни на 1-1.
Победата од 2-1 дојде во 74. минута преку Марушиќ од пенал, откако претходно беше доседен од главниот судија Александар Ставрев апсолутно непостоечки удар од белата точка.
Во 77. минута беше досуден пенал и за Македонија ЃП, исто така крајно сомнителен, но Филип Мишевски не успеа да го реализира за израмнување.
ПМФЛ – 10. коло
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
Андерсон 14′, Вебстер 72′ – Мазари 31′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-0
Спахиу 24′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-1
Кехинде 15′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Марушиќ 22′, 74′(п) – Алексовски 26′
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

