Лудница и вистинска драма на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед беше пред пораз и пред нова бламажа откако губеше од Брентфорд се до 93. минута од средбата, но Скот Мектомини ќе се покаже како вистински џокер и ќе постигне два гола за голема победа на Јунајтед и малку да го тргне притисокот од рамењата на Ерик тен Хаг.
Јенсен во 26. минута донесе предност за гостите, а Манчестер патот до голот го бараше долго, и го најде дури во финишот. Скот Мектомини во 90+3 минута среќно ја затресе мрежата на Брентфорд, а истиот играч во седмата минута од судиското надополнување успеа да постигне уште еден гол и да го однесе Јунајтед до победа. Инаку Мектомини влезе во игра во 83. минута од средбата.
Челси, конечно, пружи партија каква што се очекува од нив и со 1-4 го совлада тимот на Барнли на гостински терен. Сепак „сините“ мораа добро да се испотат за овој триумф, со оглед дека домашниот тим стигна до предност во 15. минута со голот на Одоберт.
Во 42. минута автогол на Ал Дакил донесе израмнување, а во вториот дел три гола за „сините“. Палмер од пенал во 49 минута донесе предност за Челси, а потоа Стерлинг зголеми на 1-3, за Џексон во 75. минута донесе и 1-4 за избраниците на Покетино.
Евертон дојде до вториот триумф сезоната и за момент избега од опасната зона. „Карамелите“ го совладаа тимот на Борнмут со 3-0 со головите на Гарнер, Херисон и Дукуре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

