Жижовиќ: Сакавме победа, но мора да бидеме задоволни и со бодот

Во 10. коло, екипата на Шкупи ја прекина серијата од три првентствени победи по ред, и одигра само 1-1 против Тиквеш во Кавадарци.

Тренерот Младен Жижовиќ и натаму е без пораз на клупата на чаирскиот тим, со скор од четири победи и едно реми. Жижовиќ истакна дека е задоволен со освоениот бод, со оглед дека противникот имаше шанси во финишот да стигне до целиот плен.

„Сакавме да дојдеме до четвртата победа во серијата, но кога ќе се земе во предвид се, ќе мораме да бидеме задоволни од ова реми. Мислам дека бевме подобри во првиот дел. Примивме гол, а потоа се вративме во игра, и имавме добри шанси да реализираме. Затоа велам дека на крајот мора да се задоволиме со бод, затоа што ова беше тешко гостување за нас“, изјави Жежовиќ.

Се вчитува...