Израел го одложи фудбалот поради воената состојба

Натпреварите од 6. коло во израелското првенство се одложени поради нападот на Хамас, се вели во соопштението на израелската професионална фудбалска лига (ИПФЛ).

Сите натпревари закажани за наредните денови нема да се одржат и ќе бидат презакажани за други термини.

Се очекува и квалификацискиот натпревар помеѓу Израел и Швајцарија кој што беше закажан да се игра во Тел Авив на 12. октомври, да се игра на неутрален терен.

Се вчитува...