Јувентус „владее“ со Торино (ВИДЕО)

Јувентус стигна до петтиот триумф во Серија „А“ сезоната, откако вечерва на свој терен го совлада градскиот ривал Торино со 2-0. Јуве до победата дојде во вториот дел, со два гола, не оставајќи му можност на противникот да дојде барем до бод и да ја загрози победата.

Двата гола паднаа после центаршути. Најпрво Гати во 47. минута го совлада Милинковиќ-Савиќ. Во 62. минута Милик со глава ја казни грешката на голманот на Торино, за да зголеми на 2-0.

Торино успеа да се закани само во финишот преку Запата и Санабрија, меѓутоа без реализација.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...