Тиквеш со реакција: Катастрофално судење на Качевски и неговите помошници

„Истиот Јован Качевски против истата екипа на Шкупи“. Ова е реакцијата на екипата на Тиквеш за судењето на Качевски на денешниот меч против Шкупи, кој заврши без победник 1-1.

Од Тиквеш реагираат на судењето на главниот арбитар, а реагираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Кавадарчани се прашуваат како е можно да не биде досуден пенал за Тиквеш во 46. минута.

„Јован Качевски заедно со неговите помошници денеска направиjа катастрофално судење во дерби натпревар каде дирекно му наштетија на нашиот тим.

Во 46-та минута при контра напад на нашата екипа играчот Едиз Спахиу се најде очи во очи со противничкиот голман но од зад грб беше спречен со боречки зафат и не беше досуден чист пенал за нашата екипа, а Качевски со неговите помошници при очи останаа слепи. Се прашуваме до каде води ова лудило и дали воопшто треба да се игра фудбал во оваа држава“, стои во објавата на Тиквеш.


Се вчитува...