Милан со многу мака успеа да слави победа на гостувањето кај Џенова, и така да се искачи на првото место на табелата во италијанска Серија „А“.
„Росонерите“ дури во финишот успеаја да постигнат гол вреден три бода. Победничкиот погодок беше дело на Кристијан Пулишиќ, кој стрелаше во 88. минута од средбата, откако супер се снајде во шеснаесетникот и го совлада Мартинез.
Претходно добри шанси имаа и двата тима, а Милан тргна со речиси соема поинаков тим, со оглед дека Пиоли имаше проблеми со повредени. Во вториот дел уфрли играше офанзивно, и тоа на крајот му донесе резултат.
Треба да се напомене дека во осмата минута од судиското надополнување, Милан остана без голманот Мањан кој што доби црвен картон по старт над еден противнички играч надвор од шеснесетникот. Со оглед дека Пиоли ги имаше направено сите измени, на голот на Милан застана Жиру. Од таа шанса, Џенова ја погоди пречката од голот на Милан. Во финишот и голманот на Џенова, Мартинез заработи црвен картон. На крајот имаше Жиру и една интервенција, спасувајќи го својот тим на ова гостување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

