Данил Медведев сензационално елиминиран во Шангај

Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа сензационална елиминација на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Шангај.

Последниот освојувач на овој турнир (последно издание 2019 година) во 3. коло загуби од Американецот Себастијан Корда со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-2.

Корда во осминафиналето за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Унгарецот Фуцович и Аргентинецот Черундоло.

Во осминафиналето се пласираа и: Каспер Руд, Григор Димитров и Лоренцо Сонего.

Се вчитува...