Странците во Макаби го напуштија Израел

Фудбалскиот клуб Макаби им дозволи на странските играчи да го напуштат Израел додека не се смири ситуацијата во таа земја.

Тренерот Роби Кин и неговиот персонал се качија на авион во саботата вечерта и полетаа од Тел Авив.

Во текот на денот, другите тимови од израелската Премиер лига, како Макаби Хаифа и Беитар Ерусалим, дозволија странците кои имаа такви желби исто така да ја напуштат земјата.

Се вчитува...