Францускиот фудбалер Оливие Жиру мораше да застане на голот на дуелот против Џенова откако беше исклучен Мајк Мењан.
Жиру мораше да го облече дресот на својот сонародник и во неколку наврати да ги покаже своите голмански способности.
Имаше среќа и по еден слободен удар, откако топката наместо во неговата мрежа заврши во пречката, а Милан на крајот славеше со 0-1.
„Никогаш не сум го доживеал ова. Многу сум горд на тимот. Се боревме до крај, а јас добро бранев. Имавме среќа кога топката ја погоди пречката. Се боревме како лавови, среќен сум и за навивачите. Ќе го чувам овој дрес“, изјави Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

