Поради актуелната ситуација и нападот на Хамас врз Израел и војната која е во тек, Макаби Тел Авив побара од Евролигата да го одложи натпреварот со Милано, што експресно беше потврдено од најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.
Макаби во првото коло го совлада Партизан, но големо прашање е кога ќе игра, а уште поголемо прашање каде ќе ги игра следните натпревари од Евролигата.
Дуелот меѓу Армани и израелскиот тим беше закажан за вторник во Милано, но сега и официјално е дека таа нема да се одигра. Од саботата ситуацијата во Израел е таква што никој не ни размислува за ништо друго освен за конфликтот со терористите кои во страшен напад убија голем број израелски цивили на југот на земјата.
Според министерот за здравство на Израел, во нападот на Хамас загинале 232 лица, додека 1.700 биле ранети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА