Вардар и Шкендија играат без голови 0-0 во натпревар од денешната програма од 10. рунда во Првата македонска фудбалска лига. И двата тима го отворија мечот добро. И домашните и гостите имаа по неколку изгледни шанси, најчесто по грешка на голманите на двата тима, но и покрај тоа мрежите мируваа.
Како одминуваше првиот дел така падна и темпото на натпреварот, а единствената шанса ја имаше Тотре кој во судиското надополнување биеше премлако, па неговиот удар лесно го скроти Филип Гачевски.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум на полувреме има предност против Силекс од 1-0. Голот за водство на домаќините го постигна Марјан Радески во 18. минута.
ПМФЛ – 10. коло
ДЕНЕСКА (14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 1-0
Радески 18′;
ВЧЕРА (14 ч.) Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
Андерсон 14′, Вебстер 72′ – Мазари 31′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-0
Спахиу 24′
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-1
Кехинде 15′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Марушиќ 22′, 74′(п) – Алексовски 26′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

