Арсенал без Сака на дербито со Сити

Арсенал и Манчестер сити ќе се сретнат во дерби натпреварот од 8. коло во англиската Премиерлига, а домаќините се соочуваат со големи проблеми пред почетокот на мечот.

Имено, Микел Артета на овој натпревар поради повреда сепак нема да може да смета на својот најдобар фудбалер Букајо Сака.

Иако на прес конференцијата шпанскиот стратег изјави дека Сака ќе биде во комбинација за настап на овој меч, сепак тој уште не е подготвен за натпревари од овој калибар.

Се вчитува...