Францускиот фудбалер Оливие Жиру мораше да застане на голот на дуелот против Џенова откако беше исклучен Мајк Мењан.
Жиру мораше да го облече дресот на својот сонародник и во неколку наврати да ги покаже своите голмански способности.
По историската партија клубот од „Сан сиро“ се одлучи да ја обнови својата голманска постава на официјалната веб страна каде се најде и Оливие Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

