Мартинели е херојот, Арсенал го доби дербито со Сити (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал стигнаа до голем триумф на домашен терен од 1-0 против Манчестер сити во дерби натпреварот на 8. коло во англиската Премиерлига.

Првото полувреме донесе неколку интересни ситуации, но и двата тима не успеаја да постигнат гол, а гостите треба да бидат среќни што не останаа со играч помалку, откако еден груб прекршок не беше окарактеризиран со втор жолт картон за Матео Ковачиќ.

И кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши без голови, херој за домашниот тим беше Габриел Мартинели кој го постигна победничкиот погодок во 87. минута.

Arsenal [1] – 0 Manchester City – Gabriel Martinelli 86'
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...