Фудбалерите на Арсенал стигнаа до голем триумф на домашен терен од 1-0 против Манчестер сити во дерби натпреварот на 8. коло во англиската Премиерлига.
По мечот менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим ќе се врати посилен по овој пораз.
„Имавме 10-15 добри моменти во првото полувреме, а Арсенал го почна вториот дел подобро. Одигравме еден доста изедначен и тесен меч, без многу шанси и едно невнимание. Се браневме добро, играчите дадоа се од себе. Таков е фудбалот, го загубивме мечот на крајот, ама ќе се вратиме посилни. Ги познавам овие играчи долго време, знам што направивме заедно. Чест и привилегија е да се води овој тим“, изјави Пеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

