Петрушев и Везенков започнаа со пораз, хрватскиот дуел во Лос Анџелес за Симаниќ

Подготовките за новата сезона во НБА лигата продолжија и изминатата вечер во која на победа се радуваше Бостон кој славеше со 114-106 над Филаделфија. Причард беше прво име кај Бостон со 26 пооени, додека за Филаделфија дебитираше српскиот репрезентативец Филип Петрушев со шест поени, три скокови и две асистенции за 12 минути поминати на паркетот.

На НБА сцената деби имаше и Бугаринот Саша Везенков кој во поразот од 112-99 на неговиот Сакраменто на гостувањето кај Торонто забележа 12 поени за само 11 минути поминати во игра со што беше прв стрелец на својот тим. За Торонто 22 поени постигна Трент.

Хрватскиот дуел помеѓу Лос Анџелес Клиперс на Ивица Зубац и Јута на Лука Симаниќ заврши со гостинска победа во Лос Анџелес со 96-101. Симаниќ постигна девет поени за пет минути поминати во игра, додека Зубац средбата ја заврши со четири поени и три скокови.

Се вчитува...