Кошаркарите на Макаби Тел Авив нема да бидат во Израел се додека трае војната во оваа држава. А, и покрај тоа што од претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ им беше понудела преселба во Белград до истата нема да дојде.
Макаби се одлучи да ги прати своите интернационалци во Кипар, а таму треба да им се приклучат и останатите членови од екипата во следните денови по што ќе биде познат и деталниот план за продолжување на сезоната за Израелците.
Поради војната сите спортски настани во Израел се сопрени, а Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив нема да настапат во второто коло од Евролигата и Еврокупот.
WE WILL PREVAIL 🇮🇱 pic.twitter.com/4WVwOApDEP
— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabitlvBC) October 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА