Англиските легенди згорчени од Ковачиќ: Што размислува? Треба да добие црвен картон

Дербито на осмото коло во Премиерлигата помеѓу Арсенал и Манчестер Сити заврши со минимална победа на „топџиите“ од 1-0. Херојот на средбата беше Мартинели кој ја затресе мрежата во 86. минута, а натпреварот го одбележа и срашниот старт на Матео Ковачиќ над Мартин Одегард за кој сепак доби само жолт картон.

Судијата Мајкл Оливер ја прегледа и снимката, но одлучи да не ја промени првичната одлука на теренот. Неколку минути подоцна следеше нов опасен старт на Хрватот, овој пат над Деклан Рајс за кој не доби втор жолт картон па следеа лавина критики од страна на фудбалските легенди во Англија.

„Колку лош потег на Ковачиќ. Има многу среќа. Што глуми? Требаше да добие црвен картон. Првиот старт беше блиску до црвен картон, но вториов е веќе лудило. Требаше да биде исклучен“, изјави Невил.

„Кога ВАР ја успори снимката бев сигурен дека ќе добие црвен картон. Ова беше нималку лош старт и заслужи да биде исклучен. Тоа не го говорам како поранешен играч на Арсенал туку од логика“, изјави Волкот.

Се вчитува...