Сезоната 2023/24 во АБА2 првенството официјално започнува денеска со натпреварот помеѓу Борац Бања Лука и Шибенка од 15 часот, а на првиот ден од „балонот“ во Суботица ќе настапи и еден од трите македонски претставници, ТФТ кој силите ќе си ги одмери со Златибор од 21 часот.
Вториот ден е резервиран за МЗТ Скопје кој во вторник од 21 часот ќе се сретне со Цедевита во повратничката сезона во второто по ранг регионално натпреварување, додека во среда Пелистер го очекува средба против Шенчур на отварањето на денот од 15 часот.
На првиот „балон“ на првенството ТФТ го очекуваа натпревар и против Широки во среда, додека минатосезонските финалисти во мак-баскетот ќе одиграат меѓусебен натпревар во второто коло кој е закажан за во петок од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА