Здравков: Имавме голем притисок пред мечот со Работнички, но победи карактерот на тимот

Брегалница конечно успеа да дојде до три бода на еден натпревар во македонскиот шампионат, сосема заслужено славејќи со 2-1 во пресметката против Работнички во Штип.

„Сините“ до триумфот дојдоа во финишот на средбата со голот на Роналдо Вебстер, но како што нагласува шефот на стручниот штаб, Горан Здравков, секако победата е заслуга на целиот тим.

„Доста тежок натпревар, секоја чест за карактерот на целиот тим и индивидуално за секој играч. Сите кои добија шанса го дадоа својот максимум. Во текот на целиот натпревар бевме подобар противник и сосема заслужено победивме. Притисокот пред мечот беше огромен и затоа сме исклучително среќни поради трите бода. Работнички беше сериозно тежок противник, што дополнително им дава на значење на трите бода. Победата ја посветуваме на нашите верни фанови и целата фудбалска јавност во Штип“ – вели Горан Здравков.

Брегалница во следното 11.коло од Првата македонска фудбалска лига на 22. октомври ја очекува гостувањето против Шкупи во Скопје.

Се вчитува...