Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 10. КОЛО
Актуелниот шампион Струга Трим и Лум се врати на победничките патеки откако на домашен терен славеше над Силекс со 2-0, а натпреварот го реши најдобриот фудбалер за оваа рунда Марјан Радески кој постигна два гола. Тетовска Шкендија ја продолжи агонијата на најтрофејниот Вардар и со победа од 2-0 изби на чело на табелата во ПМФЛ. Шкупи одигра само реми на гостувањето кај Тиквеш, а Брегалница со 2-1 беше подобра од Работнички. АП Брера продолжува со лошите партии откако на домашен терен загуби и од Гостивар кој полека, но сигурно влегува во форма. Триумф славеше и Воска која на домашен терен беше подобра од Македонија ЃП.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Актуелниот шампион Струга Трим и Лум се врати на победничките патеки откако на домашен терен славеше над Силекс со 2-0, а натпреварот го реши најдобриот фудбалер за оваа рунда Марјан Радески кој постигна два гола.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Гостивар)
Гостивар полека, но сигурно влегува во форма. Веќе трет натпревар новиот прволигаш е без пораз, а овој пат беше земен скалпот на АП Брера среде Струмица (0-1). ==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Шкендија)
Методи Максимов со прекрасен еврогол беше главниот виновник за победата на Шкендија над Вардар и продолжувањето на агонијата на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Oп, оп, кочи мајсторе!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
