Женската репрезентација на Македонија до 17 години загуби со 1-2 од селекцијата на Косово во третиот натпревар од Групата 1 во квалификациите од Лига Б за Европското првенство, со што испушти можност за освојување на првото место во групата и продолжување во следната квалификациска фаза.
По претходните убедливи победи над Грузија и над Ерменија, овој пат Македонија на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина во повеќе од драматичен меч загуби со гол примен во самиот финиш. А, со реми Македонија ќе завршеше како прва во групата.
Македонија прва поведе со погодокот на Попески уште во 10. минута. Но селекцијата на Косово израмни со голот на Фека во 27. минута. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, Хоџа во 84. минута погоди за победа од 2-1 на Косово.
Македонија од 68. минута играше и со играч помалку по исклучувањето на Комненова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА