Италијански судија суспендиран бидејќи не се поздрави со помошничката (ВИДЕО)

Италијанскиот судија Лука Сачи е суспендиран на еден натпревар поради тоа што не се поздрави со својата помошничка, Франческа Ди Монте на средабата помеѓу Лече и Сасуоло во осмото коло во Серија А.

Камерата го „улови“ моментот кога Ди Монте ја крева раката за поздрав со првиот судија пред почетокот на средбата, но истиот ја одби што наиде на жестока реакција од страна на Здружението на италијански судии.

„Сексистичкиот гест мора да биде апсолутно осуден. За нас нема проблем, тоа беше само несакан и криво протолкуван гест. Напротив, изненадувачки е тоа што говориме за сексизам во едно здружение кое како главна цел постави рушење на родовите бариери“, стои во соопштението на Здружението на италијански судии.

Се вчитува...