Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Брахим Дијаз оваа сезона се врати во редовите на „кралскиот тим“ по тригодишната позајмица во Милан и досега забележа 117 минути на осум натпревар во главно започнувајќи од клупата за резерви.
Сепак неговата форма во моментот не е главна тема со оглед на желбата на Дијаз репрезентативната кариера да ја продолжи настапувајќи за Мароко, а не за Шпанија.
Тоа претставува проблем за Реал Мадрид бидејќи ќе остане без фудбалерот во месец јануари поради неговите обврски за настап во Афричкиот Куп на Нации.
Според шпанските медиуми во Реал Мадрид владее незадоволство за непланираниот проблем, но одлуката останува само на Дијаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

