Српскиот кошаркар Немања Бјелица ова лето оствари трансфер од редовите на Фенербахче во Црвена Звезда, но голема е веројатноста дека нема да одигра ниту еден натпревар за „црвено-белите“ во повранитчката сезона.
Поранешниот НБА шампион со Голден Стејт доживеа повреда на листот која го оддалечи од теренот во првите натпревари во сезоната, но во периодот за рехабилитација ја обнови повредата која го мачеше претходната сезона и поради која пропушти неколку месеци настапи.
Српските медиуми откриваат дека поради честите повреди Бјелица размислува за крај на кариерата уште сега што ќе претставува голем пех за Црвена Звезда која сметаше на ветеранот за сезоната во која ќе се обиде да ја врати АБА титулата во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА