ТФТ со пораз ја започна новата сезона во АБА2

ТФТ ја отвори новата сезона во АБА2 лигата со пораз од 74-93 од Златибор. Српскиот тим беше подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот, рано стекна резултатска предност и истата умешно ја задржа до самиот крај.

По изедначеното отварање на натпреварот во високо темпо, Златибор беше оној кој прв ја превзема иницијативата. Со серија од 15-0 Србите стигнаа од предност од 15 поени и ја задржаа двоцифрената предност (22-33) по 10. минути игра. ТФТ успеа да ја консолидира одбраната во продолжението од првото полувреме, во неколку наврти стигна и до негатива од само шест поени (37-43), но финишот на полувремето му припадна на Златибор за предност од 40-51.

Третата четвртина донесе агресивна одбрана на ТФТ која сепак не вроди плод. Мирната реализација од линијата за слободни фралња од каде Златибор постигна 10 поени ја задржа двоцифрената предност за Златибор и 61-72 пред последните десет минути. Во нив избраниците на Смилковски се обидоа да се вратат во игра, но налетот беше спречен од страна на противникот.

Николов со 17 поени и 5 скокови беше лидер на ТФТ, а него го следеше Луис со 11 поени и 6 скокови. Ковачевиќ со 22 поени беше најрасположен кај Златибор.

Се вчитува...