Смилковски: Верувам во мојот тим, ќе бидеме подобри веќе во следните натпревари

ТФТ новата сезона во АБА2 лигата ја започна со пораз од Златибор во натпревар во кој српскиот тим имаше целосна контрола благодарение на неверојатната серија до 15-0 во првата четвртина. Истата донесе двоцифрена предноста која Србите ја задржаа до самиот крај за мирен финиш и победа.

Тренерот Боро Смилковски по натпреварот говореше за повредите кои му се случија на тимот во последните денови, а додаде и дека верува во тимот и подобар настап во иднина.

„Да не биде изговор, но дојдовме во Златибор со проблеми во ростерот. Горјан Марковски остана дома, тој е еден од нашите подобри домашни играчи. На првиот тренинг вчера останавме без Симонс, а денеска и без еден од подобрите играчи кои ги имаме Двејн Морган. Не можам да замерам на залагањето, енергијата. Имавме добри момент, но и некој дисфокус со пад на концентрација што е нормално за една млада екипа. Верувам, пред се во талентот на тимот и подобро издание на вториот натпревар доколку сме барем малку покомплетни од сега. Верувам дека ќе бидеме подобри во иднина. Сепак загубиме од тим кој е еден од главните фаворити за пласман во АБА“, изјави Смилковски.

Се вчитува...