Фудбалерите на Манчестер јунајтед не ја започнаа добро новата сезона. По осум кола во Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ се на десеттото место на табелата со 12 бодови, веќе осум помалку од лидерите Тотенхем и Арсенал.
Тоа секако не може да му се допадне на менаџерот Ерик тен Хаг, но ниту на управата на англискиот великан, која повторно вложи значителни ресурси за да го подигне клубот на повисоко ниво.
За ситуацијата во клубот проговори и поранешниот капитен на Јунајтед, Гери Невил.
„Мислам дека Манчестер Јунајтед нема да заврши во првите пет оваа сезона. Минатата сезона ми докажаа дека грешам, иако имаа многу лош почеток. Мило ми е што Мектоминај постигна два гола и го реши натпреварот со Брентфорд. Последниве недели беше изложен на многу критики, што е често случај кога клубот не игра добро. Не сакам да го слушнам тоа за Скот, тој ќе помине со главата низ ѕид од тули, ако тоа му треба на неговиот клуб“, напиша Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

