Се случи првата тренерска смена во Бундеслигата, откако Аугзбург реши да се раздели со тренерот Енрико Масен, два дена по домашниот пораз од Дармштад (2-1).
Привремен тренер на Аугзбург ќе биде Тобијас Штробл.
„По опсежни дискусии и проценка на спортската ситуација, Аугсбург одлучи веднаш да го отпушти тренерот Енрико Масен“, соопштија од Аугзбург.
Масен пристигна во Аугзбург во летото 2022 година, откако беше тренер на резервниот тим на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

