Дешамп: Жал ми е за Пол Погба

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп изјави дека Пол Погба е во комплицирана ситуација, но додаде дека нема да заземе категоричен став кон фудбалерот на Јувентус, пренесуваат француските медиуми.

Погба се соочува со суспензија од четири години, бидејќи и анализата на Б примерокот покажа дека е позитивен на тестостерон.

„Жал ми е за Погба, многу работи му се случија. Тој е во комплицирана ситуација. Ќе мора да се брани, тоа е дел од долга процедура.  Не знам што ќе се случи со него, но тоа што се случува е тажно“, рече Дешамп.

Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе во Серија А на 20. август, кој го следеше од клупата за резерви. Тој бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста.

Се вчитува...