Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер в четврток ќе му гостува на францускиот Пари Сен Жермен во натпревар од 4. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Тренерот на „пелистерци“ Александар Јовиќ пред мечот со големиот фаворит вели дека ПСЖ е екстраквалитетен тим, но и дека неговиот тим расте од меч во меч.
„Играме против екстра-квалитетна екипа, нè чека тежок натпревар и одлична можност за промоција за клубот и градот. Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло. Играме против екипа која редовно игра на „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите. ПСЖ преферира брза игра, имаат одлична транзиција, но ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Како што игравме и против Кил, ќе пробаме да ги сведеме на што е можно помалку голови. Нè радува што евидентно растеме и ова е одлична можност тоа да го потврдиме. Тренираме во полн состав, Тајник се враќа во тимот и мотивирани сме за дуелот в четврток“, изјави Јовиќ.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за во четврток со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА