Украинските фудбалери веќе ги почнаа подготовките за претстојниот квалификациски натпревар со Македонија, што ќе се одигра в сабота на неутрален терен во Прага.
Левиот бек на Евертон, Виталиј Миколенко, предупреди дека Украинците не смеат да си дозволат слаб почеток на мечот како што тоа беше случај во Скопје, каде оваа селекција губеше со 2-0, за на крајот со голем пресврт да слави со 2-3.
„Теренот за игра во Скопје беше многу лош, но тоа не беше причината за нашето слабо издание во првото полувреме. Ние бевме самите виновни за она што ни се случуваше, сите сме свесни за тоа, но најважно е што сепак успеавме да славиме. Мечот в сабота е исклучително важен за нас, ќе сториме се за да победиме. Сите извлековме поуки од дуелот во Скопје, верувам дека ќе смислиме нова тактика со која нема да се мачиме со Македонците како на тој прв натпревар“, изјави Миколенко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

