Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност, по најавите дека Руди Гарсија во наредниот период ќе добие отказ од функција шеф на стручниот штаб на „наполитанците“.
Се шпекулира со најразлични сценарија и имиња за наследник на Гарсија, па Де Лаурентис самиот се јави за да обелодени – дека се уште нема донесено конечна одлука за иднината на тимот.
„Немам донесено одлука, навистина е незгодна ситуација и сакам добро да размислам. Секоја избрзана одлука е погрешна, затоа ги разгледувам сите аспекти. Не сакам кога треба да дадам отказ на некого, но за жал во фудбалот понекогаш постојат ситуации кога тоа е неизбежно“, порача Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

