Се навикна на Саудиска Арабија: Роналдо сака да остане во Ал Наср до 2027

Кристијано Роналдо се адаптираше на животот и стилот на игра во Саудиска Арабија, па португалската суперѕвезда сега размислува дури и да потпише нов договор со Ал Наср.

Португалецот е најплатен играч во светот со заработувачка од 200 милиони евра по сезона, по неколкуте врвни засилувања влезе во голгетерски и победнички ритам со Ал Наср, па сега сака и да ја продолжи соработката што истекува на крајот од 2025 година.

„Кристијано веќе имаше средба со раководството на клубот на која јасно стави до знаење дека сака да остане во клубот. Тој се чувствува одлично во Ал Наср, сите го знаат тоа и логично е соработката да продолжи. Желба на Роналдо е да игра на СП 2026, и во тој период да биде играч на Ал Наср“, изјави близок пријател на фудбалската суперѕвезда.

Кристијано Роналдо досега настапи на 36 средби за Ал Наср во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи 31 погодок.

Се вчитува...