Францускиот стратег Руди Гарсија се наоѓа пред отказ во Наполи по лошиот старт на сезоната на актуелниот шампион на Италија. Наполитанците во осум одиграни натпревари забележаа четири победи, два порази и два нерешени натпревари во Серија А, а по една победа и пораз во Лигата на Шампионите.
А, и покрај тоа што претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис јавно изјави дека се уште нема донесено одлука за иднината на тренерското место, во англиската јавност веќе се појави името на неговиот заменик.
Тоа е поранешниот тренер на Челси, Грем Потер кој пред шест месеци беше отпуштен од „Стемфорд Бриџ“ поради лошите резултати со англискиот клуб. Претходно Англичанецот со успех го предводеше Брајтон.
Покрај Потер, еден од најсериозните кандидати за нов тренер на Наполи, е и Хрватот Игор Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

