Фудбалерите на Реал Мадрид добија нови луксузни автомобили (ВИДЕО)

Фудбалерите и тренерите на Реал Мадрид традиционално добија нови автомобили за почетокот на сезоната. Со оглед на тоа што „кралскиот клуб“ оваа сезона за спонзор го има германскиот производиел „БМВ“ фудбалските ѕвезди беа слободни во изборот на хибриден модел кој нема да ја загадува околината.

Најголемиот дел од играчите го одбраа најскапиот модел „BMW XM“ кој вреди 179.700 евра, додека хрватскиот интернационалец Лука Модриќ се одлучи за моделот „iX M60“ кој чини 140.400 евра.

Се вчитува...