Филипо Инзаги нов тренер на Салернитана

Пауло Соуса доби отказ од клупата на Салернитана по катастрофалните резултати на почетокот на сезоната во Серија „А“. За нов тренер на клубот е избран легендарниот италијански напаѓач, Филипо Инзаги.

Инзаги последен пат беше во Реџина, а ги водеше и Бреша, Беневенто, Болоња, Венециа и Милан. Салернитана во моментов е на претпоследното 19. место на табелата, без ниту една победа и со само три бода.

Инзаги своето деби на клупата на Салернитана ќе го има на 22. октомври на домашен терен против Каљари.

Се вчитува...